Прашања и Одговори

За ПФЦ Скопје

Школскиот центар “ПФЦ Скопје” – Скопје е овластен (Сертифициран) школски центар за обука на пилоти и инструктори на ултралесни авиони од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија. ПФЦ Скопје се наоѓа на Спортскиот аеродром “СКОПЈЕ” – Стенковец и е најдобриот и најопремениот тренинг центар за пилоти на ултралесни авион.

Флота

ПФЦ Скопје поседува 3 ултрамодерни сопствени воздухоплови од типот PIPISTREL кои се носители на NASA сертификат од кој еден авион е од типот Pipistrel Virus SW, а другите два се авиони за почетна обука Pipistrel Alpha Trainer. Pipistrel Alpha Trainer е авион наменет за основна обука на пилоти бидејќи е многу безбеден, лесен за летање, одлично трпи грешки од страна на почетници пилоти, лесен за одржување и има одлична аеродинамика и безбедносна оценка. За подетални информации околу авионите посетете ја страната: www.pipistrel.si

Простории

ПФЦ Скопје има ултрамодерна училница опремена да ги задоволи сите воздухопловни стандарди. На учениците секогаш на располагање им е табла, лаптоп, таблет, принтер, скенер, брз бесплатен бежичен интернет, проектор, телевизор со рамен екран и усб приклучок, стручна воздухопловна литература, двд, цд и се што е потребно за извршување на обука. Исто така учениците може слободно да го користат и симулаторот на летање за се што сакаат да пробаат, а тоа не можат да го направат во авион. ПФЦ Скопје исто така располага и со суперопремена кујна и ресторанче кое им стои на располагање на сите кои ќе не посетат. Имаме два хангара од кој едниот (Источниот) хангар е наменет за чување на авионите на ПФЦ Скопје, а другиот (Западниот) хангар е сервисен центар за поправка, ремонт, преглед на авиони.

Обука за пилот

Минимална возраст за отпочнување на обука е полни 16 години. Кандидатите за пилоти мора да имаат лекарско уверение од минимум втора класа издадено од Воздухопловниот медицински центар – Скопје кој се наоѓа во поранешна Воена болница. Обуката се состои од два дела. Теоретски дел и Практичен дел. Паралелно се слуша теорија и се лета. Теоретската обука опфаќа 10 теми: Принципи на лет, Метеорологија, Навигација, Познавање и одржување на леталото, Прва Помош, Комуникации, Оперативни постапки, Можностите на човекот, Подготовка и извршување на лет и Воздухопловни правила и прописи. Практичниот дел опфаќа 25 летачки часови во авион од кој минимум треба кандидатот да налета 5 часови самостално без инструктор. За време на навигациската обука се лета низ целата територија на РМ и секако по желба на кандидатот и временските услови се лета и надвор од границите на РМ. Доколку времето е лошо секогаш ви стои на располагање и симулаторот кој се наоѓа во нашиот школски центар. Кај нас никогаш не е досадно.

Инструктори

ПФЦ Скопје има едни од најдобрите инструктори за пилоти во Република Македонија. Одлично можат да го пренесат своето знаење на кандидатот за пилот на англиски и на македонски јазик. Сите инструктори имаат долгогодишно искуство во обука на пилоти и сите се лиценцирани од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ. Инструкторорите се секогаш на располагање на кандидатите. Кога ќе се запишете на обука ви се назначува приватен иструктор и секогаш ќе биде среќен да ви помогне полесно и побрзо да ги совладувате теоретските предмети и летачката обука. Сите инструктори имаат свој email, viber, skype, facebook и секогаш можат да одговорат на вашето прашање.

Цена на обуката

Комплетната цена на обуката изнесува 3.500 евра и се плаќа на три рати.

Доколку се плаќа целата сума одеднаш износот е 2.950 евра. Заштедувате 550 евра!

Во оваа цена се вклучени авионот со 25 часови налет, инструкторот, теоретската обука, материјали за обука и аеродромски такси за слетувања на  меѓународните аеродроми во Скопје и Охрид.

Обуката трае околу 2–3 месеци, но може да завршите и за 6 недели доколку издвоите неколку часа дневно.

Права на иматели на Дозвола на пилот на ултралесен авион

Согласно Законот за воздухопловство на РМ, лицата кои поседуваат Дозвола за пилот на ултралесен авион смеат слободно да учествуваат во воздушниот сообраќај во и надвор од РМ. Можат да си изнајмат, купат, позајмат авион и да летаат без ограничувања и некомерцијално да возат други лица.

Зошто баш ПФЦ Скопје

Има повеќе причини зошто баш ПФЦ. Една од нив е затоа што имаме нови и едни од најдобрите и најбезбедните ултралесни воздухоплови во светот. Друга причина е тоа што авионите се многу економични и лесни за експлоатација. Трета но и најпримамлива причина е тоа што секогаш кога дозволуваат временските прилики и обврските организираме летови до Охрид, Тиват, Дубровник, Брач, Подгорица, Ниш, Белград и други. Замислете какво е чувството кога полетуваш од Скопје и за еден час пиеш кафе во Тиват и повторно се враќаш во Скопје. Исто така за сите оние кои сеуште не собрале храброст да летнат со авион, ПФЦ Скопје им нуди можност да седнат зад командите на симулатор за летање и да се ослободат од стравот од летање.

Контакт

Facebook: https://www.facebook.com/pipistrelflyingclub/

Web: www.pfc.mk

E-mail: info@pfc.mk

Phone / Viber: 070 247 566 Никола и 070 205 410 Пепи

Адреса: Спортски аеродром “СКОПЈЕ” – Стенковец Бр. 151а

Згарада на ПФЦ Скопје